(ФОТО) Белата ѝ е омилена: Летните комбинации на примабалерината Мијалкова се за секоја пофалба

Добивај вести на Viber

Примабалерината Александра Мијалкова е жена со елегантен стил на облекување. Мијалкова негува класичен стил и не експериментира со боите. Црната и белата се нејзина проверена комбинација за јавни настани.

Кога не е на балетската сцена, најчесто ја гледаме во коктел фустани во црна или темна боја, во комбинација со бели детали и дискретен накит. Мијалкова е вљубеник и во кожените јакни и комбинации.

Ова лето нејзин заштитен знак беа комбинациите во бела боја, односно класични аутфити со доза на спортски и елегантен вкус. Еве ги нашите фаворити: 

1. Фармерки и бела маичка искомбинирани со бели патики и чанта во ефектна црвена боја

2. Елегантна комбинација на нежна ленена кошула, удобни кратки панталони и еспадрили кои никогаш не излегуваат од мода

3. Кошула со интересен дезен и тексас кратки панталони со шик еспадрили


4. Елегантен костим во бела боја, одличен избор за летните денови и вашиот исончан тен


„ Да се биде прва балерина е предизвик. Таа треба да биде пример за добро однесување, професионалност и посветеност. Едноставно, треба да умее да се носи со сите предизвици“, изјави Мијалкова. Таа ретко зборува за својот приватен живот, за сопругот Сашо Мијалков, а со синовите Јордан и Александар има пријателски однос и тие ја доживуваат како постара сестра, а вели и дека сака да биде свекрва со разбирање и млада баба.