Актуелно // Insta вести
Во бел тесен фустан и долг вел, се омажи водителката Ведрана: Парот направи интимна венчавка
Во долг бел фустан кој ја оцртува нејзината силуета и вел, македонската водителка Ведрана се венчаше со нејзиниот избраник Андрија Антиќ инаку диџеј Ендруј Мелер од Србија.
РЖМ
Водителката објави фотографии од интимниот момент кој се случил кон крајот на минатиот месец.
„22.09.204. А В – До вечноста“, напиша Ведрана на фотографиите.
По објавените фотографии Ведрана доби голем број честитки од нејзините колеги и соработници помеѓу кои и голем број познати македонски имиња.
На почетокот на оваа година Ведрана го кажа судбоносното „да“ на плажите во Занзибар, каде на романтичен начин на зајдисонце ја запроси нејзиното момче.
- Кога ќе си ја најдеш сродната душа … беше само прашање на време – напиша тогаш Андрија на нивната заедничка фотографија.
Фото: ИнстаграмРЖМ