ВО БЕЛГРАД: Студентите од Факултетот за спорт и физчко воспитување ги прилагодија просториите за сместување на роднини од пациентите кои се лечат таму

Добивај вести на Viber

Хуманоста е една од највредните човечки карактеристики. Луѓето кои се хумани им помагаат на другите секогаш и по секоја цена. Еден од нив е и Бојан Глишовиќ од Белград. По своја иницијатива ги посетил мајките на повредените деца во Ургентниот центар за да им даде морална и логистичка поддршка.


- Многу ме погоди несреќата. Не само мене туку и сите во Србија. Кога слушнав дека дел од пациентите ќе бидат пренесени во Белград, веднаш упатив апел за помош преку мои пријатели од Скопје. Решив да ги посетам за да им дадам пред се морална и логистичка поддршка. И мои пријатели донираа храна и пијалоци. Најважно е да знаат дека тие деца сега се во сигурни раце. Ние имаме врвни доктори и коректни услови – вели Глишовиќ кој веќе стапил во контакт со белградскиот Факултет за спорт и физчко воспитување.   


- Студентите ги прилагодија своите простории во соби со кревети и со сите потребни средства за претстој. Пред два дена тука спиеа осум луѓе од Македонија. Факултетот е отворен од 7 часот наутро. Ангажираа и жени за помош и одржување на просториите. Поголем дел од студентите се цел ден на факултетот. Наскоро ќе им се приклучат и професорите и останатите студенти. На сите ќе ви помогнеме –апелира Глишовиќ.


С.А.Н