Ана Бунтеска: Денови во кои луѓе стануваме

Добивај вести на Viber

Денови за радост

Денови за тага

Денови за сомилост

Денови за милост

Денови за бол

Денови за надеж

Денови за копнеж

Денови за помирување

Денови за добредојде

Денови за збогум

Денови за прегратки

Денови за заминување

Денови за спокој

Денови за трпеза скромна

Денови за потсетување

Денови за паметење

Денови за тишина

Денови за зборој меки

Денови за најблиските

Денови за зближување

Денови за порти отворени

Денови за поганлаци затворени

Ги има...

Во секој од нас вакви денови има

Во кои се раѓаме

Во кои умираме

Во кои ќе воскреснеме

Во кои повторно душата ќе ни огрее

Во кои сета темнина ќе згасне

Ги има...

И секој од нас во тие денови 

Расте, созрева и учи за себе

Голем станува и учи и за другите

Та некако поарни од вчера стануваме

Со ниет утрешниот ден 

Уште помудри да не’ стори

Ги има...

Денови за молитва тивка

Денови за кротка мисла

Денови од кои дрво на љубов никнува

И крошна љубовна од него се разгранува

Ги има...ги има деновите во кои знаеме оти луѓе сме


За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска