Во домот на фолкерката Татијана Стефановска денеска има повод за слава: Погледнете каква невеста била пред 12 години

Добивај вести на Viber

Фолкерката Татијана Стефановска денеска слави 12 години во бракот со музичарот Митко Бежаноски.

По тој повод пејачката објави фотографија на инстаграм стори од денот кога си кажале „ДА“.

Денес, Татијана и Митко се остварени родители и уживаат во животот заедно со ќеркичката Ана која се роди во ковид периодот.


Митко и Татијана се колеги, а како што ни раскажа фолкерката во една прилика, се запознале пред да заминат на турнеја во Америка.


Со сопругот се запознавме пред да одиме на една турнеја во Америка. Но тогаш, можам да речам дека не бевме ни другари. Не го поднесував многу (се смее) . Многу подоцна се роди љубовта меѓу нас и фала му на Бога сѐ уште трае, дури и е многу посилна од што беше на почетокот“, ни откри во интервјуто пејачката.

 

Она што се забележува е дека пејачката во последно време е разубавена.


FOTO: Instagram