Во друштво на светскиот модел Алесандра Амбросио: Една од најзгодните пејачки на нашата естрада која сега прави милиони во САД

Добивај вести на Viber

Беше една од најзгодните пејачки на нашата естрада, а сега прави милиони во САД - Оливера Ѓоргоска ѝ е позната на македонската публика како згодната пејачка со моќен глас од музичкото шоу „Моја ѕвезда“, по неколку свои песни, а и настапи на музички фестивали.

Таа скоро 10 години живее и работи во САД, каде замина за музичко доусовршување, а од почетокот на годинава има и американско државјанство.

На музичко поле сега се пронаоѓа како поп опера пејачка, а нејзините изведби воодушевуваат. Оливера е професорка во Музичката академија во Лас Вегас, а неодамна потпиша соработка со мулти Греми продуцентот „RedOne“.

Во интервју за „Digital Journal“ изјави дека го нема видено своето семејство во Прилеп цели пет години и дека премногу ѝ недостасуваат и дека тие се нејзината најголема поддршка.

Низ своето успешно остварување на сонот во САД, Оливера има запознаено многу светски ѕвезди меѓу кои и нејзиниот идол Селин Дион, но и диџејот Стив Аоки.

Деновиве на листата на светски ѕвезди со кои таа се запознала се најде и познатиот модел Алесандра Амбросио.


Сепак Оливера има и една друга преокупација, а тоа е снимањето видеа кои имаат милионски прегледи на социјалните мрежи. Ѓоргоска одлично се снаоѓа во глумата, а за пофалба е и нејзиниот американски говор, по кој ретко би препознал дека станува збор за девојка од Македонија.