„Во едната рака држеше пиштол, во другата цигара и му кажа на брат ми „Ти ја убив мајката“ “: Ќерката на познатата српска актерка се присети на кобниот ден (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

„Коа ќе се сетам на детството, паметам дека бев прекрасно девојче, пораснав во смејество, без татко кој постојано беше надвор од дома, за жал... така што на самиот почеток растев само со мајка... беше барана, посакувана, па така таа беше и главен извор на финансии што можам да кажам дека, растев и без нејзиното присуство, не онака како што сакав јас. И денес не знам дали тоа беше доволно или јас опретерував, ја започна приказната Маша, ќерка на познатата српска актерка и астролог Миља Вујановиќ, која во мај 2000 година беше застрелана од нејзиниот тогашен партнер Обрен, кој веднаш се пријавил во полиција.

Кобниот ден братот на Маша, Леон бил во куќата кога нивната мајка Миља била застрелана во грб, додека кумата на Маша и ја соопштила трагичната вест.Миља не умрела веднаш, туку останала целосно неподвижна и во наредните пет години живеела како „растение“. Маша била со неа секој ден.

Таа ја започна приказната откако памети за себе. Кога имала 12 години се родил нејзинот брат, и тогаш почувстувала дека мајка уште толку се одалечила од неа, но сепак била толку среќна поради братчето што дури и напишала и благодарница.

Кога ќе се потсети на воспитувањето, вели дека тие грешки гледа да не ги повтори во нејзиното воспитување на децата.

-Кога мора да ги криеш емоциите кои ги чувствуваш, бидејќи имаш забрана да ги покажеш, тоа разболува. И не е пријатно сите тие емоции да ги проголташ, но кога имаш само еден родител се ќе направиш само да не го изгубиш, да не останеш сам, вели Маша.

Нејзината мајка Миља премногу работела, а Маша одреден дел од животот го поминала исто така во нејзината канцеларија во која и помагала. Вели, кога еден ден некој човек дошол кај неа, таа на своите пријатели им кажала,- овој како да дошол да ме убие. Токму со оваа изјава,како да претчувствувала дека еден ден тоа навистина ќе се случи.

-Тие почнаа врска. Таа чуствуваше некој став од него. Мене тој ме гледаше како некој пречка, и се обидуваше мама да ја отргне од мене. Никогаш не се однесуваше лошо со мене, ама имаше некоја пасивна агресија, вели Маша.

И кога мајка и одлучила да се пресели од град во село, тогаш почнал пеколот...

Целата приказна погледнете ја тука.

Фото:screenshot