,

Во градинките сè уште е рано да се зголеми бројот на деца: Комисијата за заразни болести го одби барањето на МТСП

-Со оглед на стабилната состојба во градинките, како и поради фактот што вработените во градинките беа приоритетно вакцинирани, Министерството за труд и социјална политика достави писмен допис до Комисијата за заштита од заразни болести со кој предлага да се разгледа можноста за зголемување на бројот на деца во градинките. Доколку биде прифатен предлогот, дополнително ќе се зголеми капацитетот на градинките, ќе можат да се примат повеќе деца, со што ќе се обезбеди грижа за децата особено во оние семејства каде што и двајцата родители работат или пак се самохрани родители, објави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска.

Но, министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи денеска на новинарско прашање при неговата посета на Клиниката за детски болести, рече дека Комисијата за заразни болести разгледала низа барања за олабавување на рестриктивните мерки, но за дел од нив здравствените власти сметаат дека е сè уште рано.

продолжува на Фактор.мк