Во Холандија кај синот: Дани Димитровска ужива со Лазар (ФОТО)

Рокерка во душата и позната по оригиналниот имиџ на сцената и приватно, Дани Димитровска е горда мајка на Лазар кој е на студии во Холандија.

Пејачката е една од оние познати личности, која приватниот живот вешто го крие со години. Сакајќи да ги заштити своите најблиски членови на семејството од љубопитните погледи на јавноста, таа многу ретко споделува заеднички моменти со нив. 

Ова е една од ретките ситуации кога таа сподели фотки со него, а со оглед на тоа што тој не се враќа во Македонија толку често, пејачката секоја прилика ја користи за да оди да го посети.