Дани Димитровска со години живее во хармонија со својот партнер, сега конечно го покажа во јавноста (ФОТО)
Фото: Бојан Стоилковски
Неодамна за Женски Магазин, пејачката откри дека со години живее во хармонија со својот партнер во заедништво, а сега на изненадување на јавноста го покажа во лик.
Дани Димитровска сподели фотографија како шета прегрната со партнерот кој досега го немаше покажано, притоа покрај фотката напиша:
„Грбот не ми знае за студ а срцево никогаш поритмично“.
Под фотографијата се наредија многу коментари од нејзините колеги, кои секако се позитивно изненадени.
„Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор. Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување. Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира“,изјави Дани во интервјуто за ЖМ запрашана дали има човек до себе кој ја разбира.