Во Македонија имаме повеќе невработени отколку во Хрватска - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници
Нашата држава, иако е помала, има поголем број на невработени од Хрватска.
Дел од хрватските медиуми објавија дека во таа држава се евидентирани на крајот на март годинава 96 илјади невработени лица.
Кај нас, пак, на крајот на март работа барале над 101 илјада според завосот за статистика, и над 105 илјади лица според Агенцијата за вработување.
Хрватски Пословни.хр потсетува дека во 2016 година во таа држава имала 270.000 невработени, но уште тогаш работодавците барале да се увезат 15.000 работници. Хрватското Министерство за труд и пензиски систем тогаш ова го сметале за нездраворазумско барање, иако тоа беше година во која бројот на невработени и бројот на луѓе кои се на берзата континуирано подолго од две години, веќе видно се намалуваше.
Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.