„Во мое време жените шетаа полуголи, имавме право на целулит и старост“: Ведрана Рудан никогаш посурова за „модерните жени“ на денешницата
Никогаш
поискрена...
Не мачат целулитот, стриите, некој килограм вишок, годините се кријат како змиски нозе, а од староста се плашиме повеќе од кога било – и ни се наметнува дека мораме да бидеме вечно млади.
И самите знаете низ што поминуваат жените во 21 век, а Ведрана Рудан се осврна на тоа како е да се биде жена од модерната ера - и секој мора да го прочита ова. Нејзиниот текст го пренесуваме во целост.
- Кога станавме објект? Во мое време, пред педесет години, жените шетаа по светот полуголи, градниците не беа во мода, имаа право на опуштени гради, целулит и старост. Денес жените кои се занимаваат со јавна работа не смеат да бидат постари од триесет и пет и кога сите знаеме дека наполниле седумдесет.
Нашата пејачка, позната по тоа што му „пеела на Тито“, постојано ги покажува своите млади гради и вели дека додворувачите ја опседнуваат почесто отколку „во времето на Тито". Притоа, седумдесет годишниот Здравко Чолиќ, закопчан до грло, „убива“ со гласот исто како што тоа го правеше „во времето на Тито“. Додуша, ТВ водителките не пропуштаат да нагласат дека жените се „луди“ по него....
Но, тој се уште не настапува на концерти во гаќи за капење во кои лежи огромен морков, кој треба да се преправа дека е она истото што го носел меѓу нозете „и во времето на Тито“. Дали се криви жените што треба да изгледаат евтино за да се занимаваат со сериозен бизнис? Не се. Едноставно живееме во време кога жените никогаш не стоеле на пониска гранка.
Дали треба да се бориме со тоа? Како? Кој? Таканаречените „паметни“ жени, писателки, докторки, спортистки, политичарки, жени кои го вложиле својот живот во кариерата учејќи напорно, знаат дека се безвредни ако не се покажат на Инстаграм на балкон со голи, пластични гради во нивните раце.
Секој од нив мора со копнеж да гледа во далечината, со очи покриени со трепки кои се подолги од влакната на кучето. На денешните жени би можеле да им помогнат модерни, моќни мажи. Но,не им паѓа на памет. За нив жените се кукли со краток рок на траење. Додуша... И тие се почесто ги минуваат праговите на клиниките во потрага по вишок влакна на главата и операции да ги намалат маснотиите на задникот, напиша Ведрана Рудан и додаде:
- Жените со „надувана“ задница, сакаат да ги привлечат мажите со „издишана“ задница. Да! Не е се толку црно? Конечно, живееме во свет каде што жените и мажите се еднакви. Ако она што го слушаме се мажи? Ако она што го гледаме се жени?
Фото:screenshot/youtube