Во новогодишни пижами покрај сопругот: Блејк Лајвли го покажа стомакот во поодмината бременост (ФОТО)
Омилениот холивудски пар на сите ужива во среќен семеен момент и секогаш ја користи приликата да се пошегува на своја сметка
Американската актерка Блејк Лајвли пред неколку месеци потврди дека го чека четвртото дете со актерот Рајан Рејнолдс и оттогаш се труди максимално да остане настрана од очите на јавноста.
Лајвли самата објави неколку фотографии откако папараците со денови кампуваа пред нејзиниот семеен дом, молејќи ги новинарите да го остават нејзиното семејство на мира. Оттогаш речиси и не сме ја виделе, а сега реши да направи исклучок и да покаже како изгледа во поодмината бременост.
Нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс на Инстаграм објави фотографија на која двајцата позираат со луѓе преправени во Дедо Мраз и Баба Мразица.
– Џесика Мраз и нејзиниот сопруг ги запознавме во Полар експрес – напиша актерот. - Таа беше токму онаква каква што ја сонував уште кога бев дете. Мирисаше на кифлички со цимет и сангрија.
Двојката изгледаше лежерно, а Блејк се одлучи за божиќни пижами и наметка, коментирајќи му на својот сопруг: „Моите обувки“. Бидејќи тој, сепак, ја исече фотографијата за да не ѝ се гледаат патиките, за што подоцна ѝ се извини.
- Немам оправдување и им се извинувам на сите што ги повредив со својата бесчувствителност. Одам во болница да ми го измерат мозокот - се пошегува Рејнолдс потоа.
Двојката веќе има три ќерки: Џејмс (7), Инез (6) и Бети (3).
Извор: glossy.espreso.co.rs