Во очи Илинден, наместо да го празнува именденот, таа почина: Ненадминливата Илинка Митрева- поим за железна дама

Добивај вести на Viber

Ја сметаат за македонска министерка за надворешни работи која Македонија нема да ја има уште за долго време. Непоколеблива, чиста мисла, јасен став, умерена, но борбена, неприкосновена... За жал, на 1 август, 2022 година не‘ напушти Илинка Митрева, дамата која со сиот кредибилитет кој го поседуваше, знење и умешност, можеше и направи многу за земјава.

Нека ѝ е вечна слава.

Илинка Митрева по дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје - група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1974 до 2001 работи како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Професор по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност е од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Митрева е автор на повеќе стручни и научни трудови.

Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршува од 1994 до 2001 година. Митрева беше претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шеф на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.

Од 13 мај до 23 ноември 2001 беше министер за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година.

Во 2021 година беше одликувана со орденот „Витез на легијата не честа“ од амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер. Во таа пригода, Митрева кажа:

- Во овие тешки времиња за нашиот од кон ЕУ, кога Македонија се соочува со апсурдни пречки, ја искажувам надежта дека Франција ќе продолжи да биде гарант на големиот европски проект.

Секогаш елегантна и ненападна со стилот, одмерена и многу луцидно ги комбинираше нештата. Дама која преферираше класика но ја носеше на едно повисоко ниво.

Фото: Собрание на Рм и ФБ