Во осигурен дом “полесно и поубаво се спие“

Добивај вести на Viber

Домот е место каде што од срце се смееме и плачеме, место каде што ги споделуваме животите со нашите најмили и најсакани. Тука се и нашите омилени материјални нешта, парчиња мебел, опрема, кујна и други работи кои за да ги купиме сме вложиле значаен труд и средства, и не ни е сеедно дали тие долго време ќе функционираат. Домот е светото место, каде наоѓаме мир, спокојство, каде се чувствуваме заштитени. Затоа е важно да го заштитиме и осигураме од бројните ризици кои постојат.

Замислете да ви се случи поплава на домот, кражба, или пожар. Сите овие непредвидени но сепак веројатни ситуации, ќе ни предизвикаат стрес и дополнително ќе го оптеретат семејниот буџет. 

Животот е непредвидлив и не секогаш е онака како што планираме и посакуваме. Токму поради ситуациите на кои не можеме да влијаеме, добро е да размислиме за полиса за домаќинско осигурување.

Ако се' уште се прашувате зошто е важно осигурувањето на домот, одговорот е краток тоа обезбедува компензација за нашите евентуални загуби.

Надоместокот добиен од Кроација полисата за осигурување на домот може да се користи за обнова, за поправки и за надополнување на предметите од куќата. Така што со оглед на тоа дека постои веројатност за настанување на штета, има смисла да се инвестира во Осигурување на домот. Дополнително бидејќи на пример кога  купуваме нов телевизор, нова машина, гаранцијата ни е особено важна, но таа не ги штити нашите апарати од: Кражба, излевање на вода, кршење, пожар,  експлозија ризици кои се вклучени во Кроација домаќинското осигурување.

Во осигурен дом “полесно и поубаво се спие“ !

Кроација полисата за осигурување на домот е една од најприфатливите полиси за осигурување. Претставува мала инвестиција која ќе го заштити вашиот дом од загуби. Постојат неколку основни пакети зависно што се покрива.  Важно е да ја изберете најдобрата полиса за осигурување според сопствените потреби и карактеристики на вашиот дом.

https://web.crosig.mk/portfolio/domakinsko-osiguruvanje/


*Пр објава