Во овие видеа мајка ми е тешко болна, но насмеана: Јелена Карлеуша емотивно за нејзината жива рана на срце

Добивај вести на Viber

Јелена Карлеуша секогаш со емотивни зборови раскажува за својата мајка, познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша која почина пред неколку години

Така беше и овој пат кога на својот профил на Инстаграм објави неколку видеа посветени на нејзината мајка борец од која научила да биде силна во животот.

„Засекогаш мој ангелу Дивна Карлеуша...

Во сите овие видеа мајка ми е веќе многу тешко болна... на најтешката терапија и во најтешката борба за живот... но сепак, погледнете колку е насмеана... На сите видеа гледа дека ја снимам и намерно се обидува да се насмее, за да имам такви видеа од неа... Последното видео е ова на кое се плази. Два дена пред смртта. Голем борец... голем... неверојатно силна жена до последен момент. Таа ме научи да бидам силна. Единственото нешто од што се плашев во животот и што можеше да ме разнесе беше нешто да ѝ се случи. Другите ништо не ми можеа, вие самите сте сведоци. Моја жива рана на срце засекогаш.“ - напиша пејачката за компилацијата на видеа од нејзината мајка.

View this post on Instagram

A post shared by (@karleusastar)