Во Скопје нема да има настава со физичко присуство во ниту едно основно училиште, пред комјутери и средношколците

Владата го објави списокот на училишта каде што со согласност на Комисијата ќе може да се реализира настава со физичко присуство, но меѓу нив нема ниту едно основно училиште од скопските општини.

И претходно здравствените власти наведуваа дека најголемиот проблем ќе биде во главниот град каде што во основните училишта има преголем број деца. Пред комјутер ќе останат и средношколците во сите скопски гимназии. Во училиште ќе може да одат само учениците од неколку средни училишта каде што голем дел од предметите се стручни.

-Во делот на средното образование согласност за организирање настава со физичко присуство добија средните училишта за ученици со посебни образовни потреби Државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Гази Баба - Скопје, и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Кисела Вода - Скопје. Согласност за организирање настава за стручните предмети, за соодветните видови на подрачја со физичко присуство, добија и средните уметнички училишта Државно музичко училиште Битола; Државен музичко балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ Центар – Скопје; Државно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“– Тетово, Државен музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и Државно средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ Центар – Скопје.

За оваа тема повеќе информации прочитајте на Факор.мк