Во Србија за еден ден 4.000 пациенти оздравеле од корона: Еве ги причините

Бројот на излечени од коронавирусот во Србија се зголеми за нешто повеќе од 4.000 пациенти за само еден ден, што предизвика многу сомнежи, а заменик-директорката на Институтот, Дарија Кисиќ-Тепавшевиќ, одговори дека немало непрофесионални или немедицински причини за тоа, пишува српски Курир.

Причината, вели д-р Кисиќ Тепавшевиќ, е ново рекласифицирање на позитивите за вирусот.

Таа вели дека во петокот е донесена одлука во Кризниот штаб за „релекс“ на тековниот строг пристап кон надзорот на Ковид-19.

Имено, како што вели, на седницата на Кризниот штаб во петокот, било решено дека еден негативен ПЦР тест е доволен за асимптоматските пациенти, наместо претходните два, за една личност да се смета за здрава, и со тоа е скратено времето за следење на текот на болеста.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк