На 19.07.2018 во паркот Сарај удри првата клапа на македонскиот долгометражен игран филм „Лена и Владимир“. Филмот се снима според сценарио напишано од Александар Русјаков, во режија на Игор Алексов и директор на фотографија е Душан Кардалевски.
Снимањето на овој филм ќе трае 4 недели во Скопје и околните населби и села. Како главна локација за снимање на овој филм е локацијата во паркот Сарај каде што всушност се случува голем дел од дејствот во филмот.
„Лена и Владимир“ е проект поддржан и финансиран од Агенцијата за Филм на Р. Македонија и во продукција на Минд продукција - Скопје. Како продуценти на овој филм се јавуват Дејан Илиев и Илија Циривири.
Главните улоги ги играат актерите: Тони Наумовски и Сара Климоска. Додека пак актери кои ги играат споредните улоги се: Петар Мирчевски, Петар Арсовски, Благоја Чоревски ,Кирил Коруновски, Луран Ахмети, Дениз Абдула и други.