Во вакво издание не сме ја виделе: Андријана Петрушовска со нова фризура (ФОТО)

Долгата прекрасна црна коса е нејзин заштитен знак. Иако многу ретко ја гледаме со шишки, овој пат, натпреварувачката во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ објави инстаграм приказна со нова фризура.

Андријана Петрушовска се пофали со шишки, кои одлично ѝ стојат на имиџот.


Атрактивната пејачка, за себe вели дека е перфекционист.

-Во текот на целото натпреварување се трудев да покажам професионалност како во пеењето така и со физичкиот изглед. Секоја креација која ја носев беше моја замисла и на мојот ментор. Соработував со многу добар тим на професионални дизајнери кои ја реализираа секоја моја замисла. Сè што носев на себе беше прифатливо за сцена и за оваа професија и нормално дека имав самодоверба. Перфекционист сум кога станува збор за физичкиот изглед, а по мој вкус сèбеше изработено перфектно!-истакна во една прилика Андријана за Женски магазин.