Во змиски фустан со голи колкови ја „запали“ Будва: Александра Пријовиќ направи невиден „хаос“(ФОТО)

Добивај вести на Viber

Александра Пријовиќ летово напорно работи на црногорското приморје, а синоќа направи „хаос“ во еден клуб во Будва.

Имено, Александра ја наполни дискотеката каде атмосферата ја подигна до точка на вриење. Таа се појави во многу интересен змиски костим, отворен во пределот кај колковите, кој ја истакнаа нејзината совршена фигура.

Пријовиќка пееше и играше до раните часови, додека публиката цело време беше во транс поради нејзините хитови. Александра изгледаше како никогаш до сега.

Инаку, покрај деловните обврски во Црна Гора, Александра наоѓа време и за уживање, а друштво и прават мајка ѝ Борка и синот Александар.

Фото:screenshot