Водителката Анастасија го покажа трудничкото стомаче + демонстрира како од јакната на Дениција направи забавно и модерно парче

Добивај вести на Viber

Водителката Анастасија Деа во декември, на пресладок начин ги објави среќните вести дека Дениција ќе си добие братче. Таа и сопругот Богдан Илиевски (Бетмен Велит) ќе станат родители по втор пат!

Сега, на фотографија заедно со првата радост, Дениција, таа го покажа трудничкото стомаче, а среќата на нивните лица е неопислива.


Покрај оваа фотка, водителката демонстрираше во видео еден супер „направи сам“ проект, каде јакната на Дениција ја трансформираше во забавно и модерно парче.

- Моите омилени направи сам проекти. Неверојатно е каква трансформација може да направи промената на копчиња. Мене ова ми е најбрз и најлесен начин од нешто што е досадно и секојдневно да ги направам да изгледа забавно и необично. И најважно од се: Дениција одобри. А јас никогаш сум немала подобар модел - напиша Анастасија.

И навистина изгледа неодоливо.


Инаку парот ја добија ќеркичката Дениција минатото лето, на 25-ти јули, а точно една година подоцна и официјално ја крунисаа нивната љубов со брак и свадбена церемонија кога Анастасија воддушеви со уникатен невестински фустан кој го нарече фустан од соништата.