Водителката Цеце е во поодмината бременост: Вешто криеше дека ќе стане мајка по втор пат (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Цеце Трајковска- Тодосовска, позната како водителка на утринската програма на Телма ќе стане мајка по втор пат.

Имено таа и нејзиниот сопруг Столе само пред неколку денови го прославија вториот роденден на синот Бодан, а Цеца сега реши да ѝ открие на јавноста дека за неколку недели тој ќе добие братче или сестричка.

Иако и претходно објавуваше фотографии на социјалните мрежи, Цеце вешто успеваше да сокрие дека е повторно бремена. Таа е веќе во 30-тата недела од бременоста и изгледа супер.

View this post on Instagram

A post shared by (@cecetodosovska)


Инаку Цеце во претходно интервју ни раскажа за своето досегашно мајчинско искуство, и како со сопругот уживаат во секој миг поминат со синот.