Водителката Ева Јовановска е македонска кандидатка за „Мис Европа“: Ми се отвори неверојатна шанса да ја претставувам нашата држава
Ева Јовановска, новата водителка на „Голден Карпет“ која се емитува на Канал 5, има 20 години и секојдневие исполнето со многу обврски. Интензивно се подготвува за изборот на „Мис Европа“.
- Бидејќи по утрото се познава денот, секогаш се трудам да го започнам со позитивна мисла и енергија. Слушам музика цело време, во кревет, додека правам појадок. Живеам сама, па затоа друштво ми прави моето кученце Скај, со кое го поминувам поголемиот дел од утрото. Не сум голем љубител на кафето, ретко го пијам, но затоа секој ден го почнувам со свежо цеден сок или смути, кое ми дава енергија за да можам да се справам со сите обврски. Пиејќи го освежителниот сок сурфам на социјалните мрежи, сакам да бидам во тек со сите случувања, на тој начин добивам инспирација и нови идеи.
По природа е перфекционист, никогаш не е целосно задоволна од себе, бидејќи за неа важи девизата: секогаш се може повеќе.
- Фактот дека имам само 20 години, а пред мене се отворени многу шанси и можности да оставам свој печат и изградам успешна личност од себе, е една од мотивациите која ме води кон вистинскиот правец. Воедно со мотивација ме хранат и моите најблиски, кои се секогаш до мене да ме бодрат, но и оние на кои сум им трн во око, тие ми даваат посебна волја да успеам и да покажам што сѐ можам.
Секој секој ден ѝ е исполнет со многу обврски и не се жали, бидејќи со задоволство ги реализира.
- На прво место ми се студиите. Студент сум на правниот факултет „Јустинијан Први”, најмногу се фокусирам на учењето бидејќи сега ни е испитната сесија. Неодамна почнав да работам како новинар во каде што наидов на нови предизвици, научив многу работи и се запознав со прекрасни луѓе, навистина сум дел од еден одличен тим. Работата како ПР на си бара посебно внимание и посветеност од моја страна, можам да ви откријам дека подготвуваме голем концерт, а за што станува збор ќе бидете набрзо информирани. Во денот мора да издвојам барем малку време за танцот, бидејќи тоа е мојата прва љубов, а се разбира дека не пропуштам тренинг со мојот личен тренер Мирко Петровски, за кој имам само пофални зборови. Благодарение на него ја одржувам својата линија и се подготвувам за изборот за убавина „Miss Europe”, каде што ќе ја претставувам нашата држава. Неверојатна шанса, која ми ја овозможи модното студио „Црнокрак”, коешто има големи заслуги за она што сум денес. Исто и инфлуенсерството можам да го ставам на листата на обврски, но не секојдневни, бидејќи се уште не сум многу развиена на тоа поле, но се надевам дека наскоро ќе дејствувам повеќе и во таа работа. Мојата најнова преокупација, на која посебно ѝ се радувам е емисијата „Голден Карпет”, за која секојдневно се подготвувам и со нетрпение го очекувам официјалниот почеток, од 1 февруари ќе можете повторно да ме гледате на малите екрани.
И покрај многуте обврски не пропушта дружби со пријателите и вечерни забави, бидејќи смета дека во овие години треба најмногу да ужива и да се журка.
- Најчесто на тој начин ми завршува денот или пак доколку има потреба одам на некој состанок. Пред да заспијам, задолжително се релаксирам слушајќи музика и го планирам текот на следниот ден. Искрено отсекогаш повеќе сум преферирала читање книги. бидејќи на тој начин самата можам да ја креирам сликата за приказната во својата глава и да ја доживеам на специфичен начин. Колку пати и да ја прочиташ истата книга, секогаш ја доживуваш на различен начин, додека пак филмот е готова целина, која не ни остава простор за имагинација.
С.А.Н