Водителката на Евровизија била маж: Призна дека е трансродова личност, а поради промената на полот, била цел на закани (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Инстгарам/nikkietutorials

Одлучив да ја преземам контролата над ситуацијата и сама да објавам - открива Ники.

Една од најпознатите Јутјуберки во светот, холандската шминкерка и интернет sвезда Ники де Џегер, попозната на Јутјуб под името NikkieTutorials, е една од годинашните домаќини на „Евровизија“. 

Популарната Јутјуберка, која доаѓа од Холандија, минатата година јавно ја призна својата најголема тајна на свое видео на ЈуТјуб - дека е трансродова личност.

Ники, која 11 години води канал на „Јутјуб“ посветен на шминкањето, сподели со целиот свет дека е уценувана, како и дека луѓето кои не сакаше да ги именува и се заканувале дека ќе и ја откријат тајната што ја криела низ нејзината кариера.

View this post on Instagram

A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials)



„Решив да ја преземам контролата над ситуацијата и сама да објавам. Тоа е нешто што отсекогаш сум сакала да го споделам со вас, но кога ќе сум подготвена за тоа. Луѓето кои ме уценуваа ми го одзедоа тоа од мене“ - рече таа во таа прилика во нејзиниот клип.


Moжеби ќе ве интересира:

Маестралната вокална изведба не беше доволна Васил да влезе во евровизиското финале