Водителката на „Слагалице“ пред породувањето дознала дека има тумор: „Сопругот се сврте и си замина“

Добивај вести на Viber

Милица Гацин се борела со опасна болест, а своевремено јавно проговори за тоа

Водителката на „Слагалице“ Милица Гацин еднаш си ја отвори душата и ги откри шокантните детали од разводот по долг брак.

Водителката на својот Инстаграм профил во едно од своите видеа зборуваше за односот на околината кон жените, а потоа се осврна и на ситуацијата во која се нашла откако се разведе од сопругот со кој ги има ќерките Катја и Хана.

Милица дознала дека боледува од рак на дојка, а потоа се повлече од малите екрани.

-Првпат открив бениген тумор пред да ја родам помалата ќерка Хана која сега има 14 години. Лекарите мислеа дека е млечна жлезда, но бидејќи и по два месеци не помина, се јавив на лекар и ми предложи да се отстрани туморот. Иако многумина ме советуваа да не допрам ништо, јас сепак го послушав докторот - водителката за „Глорија“ изјавила дека туморот за жал се вратил, а таа морала повторно да се оперира:

-По втората операција го прашав докторот зошто тоа ми се случи, а тој ми одговори: „Затоа што се нервираш“. Мирно ми кажа дека не вреди да се нервирам затоа што тогаш доаѓа до дисбаланс на хормоните во телото и така реагираат моите гради - додаде водителката, не криејќи дека нејзиниот живот во одредени периоди бил многу стресен.

-Кога имав 20 години не знаев апсолутно ништо, избрзав, на 30 бев нешто попаметена, но сепак избрзав. И тогаш, така вклопена во тој стереотип, ужасно се трудев да му угодам на првото дете, на второто дете, на мојот сопруг. Не излегував од кујната со денови, часови. За се да биде тип-топ, затоа што доаѓам од куќа во Војводина, се да биде зготвено, средено, да биде како што треба, куќа, деца. За се да биде совршено. И знаете што се случи? На првиот голем камен на сопнување, односно на првиот голем проблем во животот, се сврте и си заминал. Рече „Веќе не го можам ова, тешко ми е“, и се сврте и си замина - искрено раскажа Милица.

Таа се нашла во лоша ситуација бидејќи освен што се грижела за ќерките, се грижела и за болниот татко. Тогаш сфатила дека мора да собере сила за да продолжи понатаму.

- Се најдов во незавидна ситуација, со две деца, со ниска плата, со татко кој беше во катастрофална ситуација, речиси на смртна постела. Тогаш сфатив дека мојата единствена опција е успехот, дека немам можност за ништо друго. Но, имам можност само да успеам и тоа е се што можам да си дозволам. Но, не е воопшто лесно – истакна водителката.

Инаку, Милица Гацин пред неколку години во едно од своите интервјуа истакна дека секогаш била целосно искрена со своите наследнички и дека ги учи да бидат самостојни и силни млади жени.

- Сигурана сум дека моите ќерки се стабилни луѓе токму затоа што никогаш не сум ја украсувала реалноста. Зборуваме за настаните какви што се, без разлика дали се најубави или најгрди. Знаат дека можат се да ми кажат и дека никогаш нема да се налутам или да се дистанцирам од нив две затоа што не се согласувам со нешто и дека никогаш нема да ги изневерам. Им дозволувам сами да изберат, токму затоа што имам голема доверба во нив и досега не згрешиле. Не ги казнувам, не ги уценувам, не им викам, никогаш не ги тепам, но ги поддржувам, ги разбирам и ги поттикнувам да постапуваат според нивните убедувања. Јас и мојот поранешен сопруг сме одличен пример за партнери кои по разводот продолжија подеднакво одговорно да се грижат за потомството, што нашите ќерки го гледаат и чувствуваат. Ние сме зрели луѓе и имаме јасни приоритети - изјави еднаш Милица за „Стори“.