Водителката Татјана на одмор после свадбата: Уживаат со сопругот во овој земјен рај (ФОТО)
Ла Специја е главен град на провинцијата Ла Специја и се наоѓа на чело на Заливот Ла Специја во јужниот дел на регионот Лигурија во Италија, а од таму со фотографија на социјалните мрежи се пријави нашата шармантна водителка Татјана Стојановска. Таа објави фотографија на која позира а зад неа пејзаж прават многубројните палми. Водителката таму е на летување со сопругот. Уживаат во овој прекрасен рај.
Ла Специја е вториот по големина град по Џенова во регионот Лигурија. Сместен е приближно на половина пат помеѓу Џенова и Пиза, на Лигурското Море, и претставува едно од главните италијански воени и комерцијални пристаништа и тука се наоѓа голема база на италијанската морнарица. Градот е популарно приморско одморалиште и значаен железнички спој. Познат е по своите музеи, по трката за веслање Палио дел Голфо и по железничките и бродските врски со Чинкве Тере.