Актуелно // Insta вести
Водителките со исти фризури: Јана Бурческа и Александра Јовановска со тренди изглед за оваа сезона
Пролетта е годишното време за промени, дали ќе промените некои животни навики, стил на живеење или пак фризура, сеедно само да е во позитивна насока.
Иако календарски се уште не сме пролет, но судејќи според температурите веќе може да се чувстуваме така.
Убавото време и будењето на природата, ги поттикна пејачката Јана Бурческа и водителката Александра Јовановска промените да ги започнат со промена на фризурата.
Двете водителки на емисијата „Стисни плеј“ на МТВ, се потстрижија во трендовската боб фризура. Ја освежија и бојата на косата Александра со посветли прамени, додека Бурческа си остана доследна на нејзината природа боја.
На фотографијата има хаштаг „Црно и бело“, бидејќи водителките се погодиле и во изгледот, со црно бела комбинација.
Фото: Инстаграм