Вредносни ваучери од dm – совршен подарок за Нова година!
Се ближи крајот на уште една убава година. Полека, но сигурно, сите нѐ обзема онаа празнична треска. Новогодишната еуфорија веќе може да се почувствува во воздухот...украсени улици, празнична атмосфера, мирисот на цимет и печени костени...ни следува можеби најубавиот период од годината.
Но ова, за многумина од нас знае да биде и доста стресен период. Посебно кога ќе се впуштиме во потрага по совршениот новогодишен подарок за некоја наша драга личност...преполни продавници, неодлучност и незнаење дали ќе го одбереме вистинскиот подарок.
Во пресрет на празничната магија, ве запознаваме со можноста на едноставен и брз начин да дојдете до соодветен подарок. Без разлика дали станува збор за вашиот партнер, деловните соработници или едноставно за драга личност во вашиот живот, сигурни сме дека со овој подарок нема да згрешите: Подарок ваучер од dm!
Подарок ваучерите се сè попопуларни во светот, пред сè поради практичноста, односно поради можноста сопственикот на подарок ваучерот самостојно да ја посети продавницата, каде може да го искористи и да го одбере сам подарокот што сака да го има.
Сега ја имате можноста, подарок ваучерот да го набавите во три различни дизајни и три различни вредности, што го прави идеален подарок за секоја пригода.
dm вредносните подарок ваучери, кои се достапни во износ од 350, 500 и 1.000 денари, може да ги пронајдете во сите dm дрогерии во Скопје, Тетово, Велес, Штип, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар и Охрид.
Што всушност претставува dm подарок ваучерот?
Ваучерот, достапен во износ од 350, 500 и 1.000 денари, всушност е картичка што можете да ја купите од која било dm дрогерија.
Личноста што ќе го добие овој подарок ваучер може да посети која било dm дрогерија и да набави производи во вредност на добиениот подарок ваучер, односно да ги плати со ваучерот, на ист начин како да плаќа во готовина.
Како се користат подарок ваучерите од dm?
- Вредноста на ваучерот заменува готовина во истиот износ;
- Сопственикот на ваучерот може да го искористи за набавка на омилените производи во сите dm дрогерии;
- Ваучерот се користи во целост, еднократно;
- Готовинска исплата или исплата на разликата од вредноста на производите и вредноста на ваучерот не се врши;
- Ако вредноста на производите е поголема од вредноста на ваучерот, може да се доплати;
- Цената на ваучерот е трајна и не подлежи на акциските промоции;
- Рокот на важење на ваучерот е траен.
Како новогодишен подарок, ваучерите се одличен избор и за компании што сакаат да им ја честитаат новата година и новогодишните празници на своите колеги.
Подарете им внимание на своите најдраги, посакајте им добри желби на деловните партнери, споделете ги веселите моменти со сите свои блиски и израдувајте се себеси. Сето тоа, и многу повеќе ви овозможуваат dm подарок-ваучерите.
ПР објава