Време е за капут: Кои модели ќе ги носиме оваа сезона?

Добивај вести на Viber

Признаваме дека и останатите годишни времиња имаат шарм, но есента дефинитивно ја носи титулата најмодерна сезона. Поладното време, како и дождливите денови ни даваат знак, не само да се облекуваме послоевито, туку и да комбинираме различни модели, стилови, јакни, палта, дезени. 

Модните дизајнери велат дека она што секоја жена треба да го има оваа сезона е квалитетен капут кој ќе прилега со секоја комбинација, а ние ќе ви понудиме неколку модели на капути од колекцијата на „Bella“ во кои вреди да се вложи. 


1. Сив капут „Марбел“

Минимализам во сива боја со доза на софистицираност и шарм. Квалитетната волна и удобноста да се комбинира со секаква комбинација се само причина плус за овој капут да се најде во вашиот гардеробер.

2. Црн капут - „Стела“

Уникатен асиметричен крој во горниот дел со ѕвезден детал, на капутот со кој сигурно ќе бидете ѕвезда на сезоната. Црната боја му дава елеганција, како и можност да стане вашето омилено парче во ладните денови.


3. Маслинесто зелен капут- „Оксфорд“

Капут во „милитари“ стил кој може да се најде и во тегет боја. Дворедните копчиња и строгите линии му даваат совршен изглед, со кој може да се вклопи во секаква модна комбинација.


4. Син капут „Стела“

Станува збор за трендовски капут, кој ќе ја разбие монотонијата и во кој дефинитивно нема да останете незабележана. Нуди удобност и топлина и овој капут совршено се вклопува во секоја есенска, но и зимска комбинација.


За да ја видите целата колекција, погледнете ТУКА