Актуелно // Insta вести
„Времето лета, точно 7 години од оној кобен ден“: Сузана Турунџиева емотивно за прерано починатиот сопруг
Сузана Турунџиева со емотивна порака за денот на загубата на нејзиниот прерано починат сопруг Марјан, кој го напушти овој свет пред 7 години.
Таа е дама која е доста активна на социјалните мрежи но и во приватниот живот, со оглед на тоа што е позната водителка, пејачка, писателка, професорка по музика, но и верен пријател и поддржувач на Медената Атиџе.
Во објавата на Фејсбук Турунџиева напиша:
„Времето лета... точно 7 години од оној кобен ден
Останаа само спомените, фотографиите и нашите "корицаќиму" кои сега се големи девојки, веќе и мајки..
Почивај во мир наш Марјане - се‘ уште фали твојот поглед, насмевка, твојот парфем и хуморот со кој ни го разведруваше секој ден...
Фото: Фејсбук - Сузана Турунџиева