За 48 часа дознав дека сум бремена и дека имам рак: Морав да избирам помеѓу мене и бебето - Имав неколку минути да донесам одлука

Добивај вести на Viber

Мајка која дознала дека е бремена неколку часа пред операцијата која требало да ѝ го спаси животот, морала да избира меѓу својот живот и животот на своето неродено бебе

Кога Данијел Емери почнала да чувствува болки во грлото, таа претпоставила дека станува збор  само за настинка. Бидејќи состојбата ѝ се влошувала и го снемало гласот, таа посетила лекар, на кој првично ѝ бил дијагностициран ларингитис, пред лекарите да потврдат дека, всушност, се работи за рак на грло.

Целосно преплашена за иднината, 39-годишната негувателка добила надеж кога била планирана итна операција за борба против болеста.

Но, тогаш на Данијел и била поставена уште една шок-дијагноза. За 48 часа и соопштиле дека има рак на грлото, но и дека е бремена 11-та недела и морала да избере помеѓу својот живот и животот на нејзиното неродено дете.

„Имаше 99 отсто шанси да добијам спонтан абортус затоа што бев во рана бременост“, изјави мајката за Need To Know.

„Ми беше објаснето колку е важна операцијата за да ми се спаси животот. Имав само неколку минути да ја донесам најтешката одлука што некогаш сум ја донела, но без мене и онака немаше да има бебе. Продолжив и за среќа лекарите успеаја да го отстранат целиот рак. А и моето бебе беше добро“, открила оваа храбра жена.

На Даниејл ѝ бил дијагноситициран рак во април 2019 година. Менструацијата и доцнела, но претпоставувала дека тоа е поради стрес. Таа и нејзиниот партнер Тони (39) не се обидувале активно да добијат бебе, но биле пресреќни, а и биле во голема неизвесност. За жал, во шестиот месец од бременоста, ракот се вратил. А таа рекла:

„Повеќе не бев загрижен за себе, но бев скаменета за безбедноста на моето бебе. Плачев кога слушнав дека се вратил, бидејќи тоа не беше веста што сакав да ја слушнам. Се плашев да не ми се прошири уште повеќе во грлото, но за среќа се вратил на левата гласна жичка. Многу се плашев дека повторното влегување под анестезија ќе му наштети на моето бебе и дека ќе ризикувам никогаш да не бидам мајка. Сепак, бременоста ме направи силна и решена да се борам со болеста. Морав да направам повеќе операции, како што е ласерска аблација, насочени кон трајно отстранување на ракот. За среќа, чукањето на срцето на моето бебе беше силно“.

Семејството кое мислело дека тешкиот период е зад нив, го пречекало малиот Калум кој сега има четири години. Фокусирајќи се на тоа да бидат родители и концентирајќи се секоја минута за детето, животот повторно ги изненадил - негативно. Во јуни 2020 година, повторно се вратил ракот на Данијел; по трет пат, а таа за тоа изјавила:

„Бев ужасната, бидејќи уживав да бидам мајка на моето чудо од бебе. Постојано размислував: „Зошто јас? Зошто животот е толку суров кон мене?' Мислев дека конечно го враќам животот на вистинскиот пат, но ракот го уништи. Мојот најголем страв беше дека моето мало момче никогаш нема да го слушне гласот на неговата мајка, а не можев да гледам во иднината, бидејќи не знаев што ќе ми донесе“.

Бидејќи лекарите се плашеле дека ракот ќе продолжи да се враќа, била донесена одлука да ѝ се отстранат гласните жици. Данијел се соочила со ризик никогаш повеќе да не може да зборува, но за среќа, нејзиниот глас се вратил за неколку часа.

Таа сега и официјално е без рак веќе три години и оттогаш ја води трката за живот за истражување на ракот во Велика Британија, но родила и второ дете, кое го добило името Сијена-Роуз.


Фото: freepik

Извор: женаблиц