За добар успех во школо - многу движење
Недвижењето и седечкиот начин на живот се одразуваат погубно на децата на возраст 6-8 години. Децата кои не се движат доволно се среќаваат со повеќе тешкотии во апсорпција на читањето и математиката во првите 3 години од училиште, открија научниците.
Ако детето подолго време седи на едно место, тогаш чита лошо.
Научниците открија исто така врска помеѓу нивото на физичка активност, седење и математичките способности на детето.
Истражување врз 153 деца од основните училишта покажуваат дека ако детето во прво одделение се движи активно и стои помалку на едно место, 2 години подоцна тоа чита непречено и смета добро. Заклучокот сепак е во сила само за момчињата. Кај девојките слична законитост не била утврдена.
Прекумерно вежбање сепак исто така не е од корист. Научниците од Универзитетот на Лозана докажаа дека луѓе кои тренираат 14 часа и повеќе неделно, не се во добра здравствена состојба.
Специјалистите разговарале со 1200 лица меѓу 16-20 години за режимот на тренинзи за периодот 2009-2010 година. Резултатите покажаа дека ако младите тренираат активно, нивото на анксиозност и стрес кај нив е ниско, а мозочната активност и самопроценка биле високи.
Сите предности на спортувањето сепак не биле на лице кај 5% од спортувале, кои всушност претеруваат со тренинзите.
Научниците претпоставуваат дека негативните ефекти се должат на воспалението, што предизвикува прекумерното оптоварување.