,

(ВИДЕО) За малку ќе загинеа претставнички на Русија кои патуваа за Евросонг

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи се објавени видеа од драмата во авионот што летал во саботата од Москва за Тиват. По полетувањето, пилотите забележале дека има проблем со панелите што не се вовлекле при полетувањето. Во авионот патувале членовите на Руската група Серебро, кои во 2007 освоија трето место на Евросонг. 

„Нашиот авион речиси еден час беше исчезнат од радарот и никој не знаеше каде сме. Пред слетувањето кружевме речиси еден час. Стјуардесите знаеја дека имаме проблем, беа бледи и се тресеа.  Во авионот се одвиваше драма, сите плачеа и викаа , се подготвувавме за принудно слетување . Сите стјуардеси , освен една , се однесуваа тотално непрофесионално . Тоа што селтавме беше чиста среќа“ -, објаснува пејачката Олга Серјабкина. 

Таа вели дека веќе нема да лета со истата компанија.