„За минливоста на животот веројатно не сме свесни, додека нешто силно не заболи“: Живкица Каленикова во спомен на својата мајка, објави емотивен стастус
Познатата водителка Живкица
Каленикова обојави статус во спомен на својата мајка која ја загуби пред две
години. Таа во неколку наврати говореше дека иако за неполна година ги загуби и
двајцата родители, што е исклучително тешка и болна тема, сепак е среќна
бидејќи била дете на љубовта.
- Среќна сум што бев дете на голема љубов. Моите беа заедно од 16 години. Утеха наоѓам во миговите дека неизмерно ме сакале. Имав мајка лавица, тука бил и татко ми, ама мајките имаат поинакво присуство кај децата. Утрото со мајка ми правев сосема нормален муабет, а веќе вечерта добив информација дека ја нема“, ова е само дел од она што со многу емоции и низ солзи го раскажа Живкица за своите родители.
Денес, водителката во чест и спомен на нејзина мајка објави емотивен статус, а поддршка и сочувство доби од своите пријатели меѓу кои беа Лила и Калиопи.
-За минливоста на животот веројатно не сме свесни се додека нешто силно не заболи. Тогаш ти станува совршено јасно , на што вреди да се посвети времето, љубовта, животот. Благодарна на сите моменти заеднички , благодарна на сета љубов која ми ја даде и уште ја добивам… Те сакам МАМА и фалиш , времето не лечи ништо само не прави посилни. Твоја Живче, напиша Живкица.
Фото:zivkicakalenikova/instagram