За најдобрата мајка на светот, сакав да направам нешто добро: Изненадување за Милена Антовска од наследничката Лана Марија
Поголемата ќерка на водителката на утринската програма Милена Антовска Станковска, Лана Марија ја изненади мајка си со подготвен појадок и емотивна порака.
Водителката убавиот гест на првородената наследничка го сподели на Инстаграм и стопи многу срца.
„Добро утро мама, бидејќи си најдобрата мајка на светот, ме трпиш секој ден, сакав да направам нешто добро за тебе! Те молам погледни во фрижидер, ти подготвив појадок! Те сакам Лана“
Милена, пак појадокот подготвен од рачињата на малата Лана Марија, заедно со пораката ги сподели со јавноста и напиша: „Ме “трпиш“. Поубаво изненадување и утро не сум имала“.Очигледно татко ѝ на Лана Марија, Горан помогнал во пишувањето на пораката, но сето тоа е тотално небитно, бидејќи заедно дефинитивно ѝ го разубавиле утрото на водителката, па и денот.
Фото: Милена Антовска - Инстаграм/ Архива - Женски магазин
Погледнете како изгледала водителката Милена Антовска пред 10 години: Има ли разлика? (ФОТО)