За одличен старт на денот: Зелен чај со нане за рамен стомак
Елиминирањето на вишокот килограми вклучува здрава
исхрана и редовна физичка активност. Во нашето дневно мени е важно во секое
време не само каква храна јадеме, туку и што пиеме. Постојат утрински пијалаци
кои можат да ви помогнат во намалувањето на телесната тежина, оваа утро со вас го
споделуваме пијалакот зелен чај со нане.
Зелениот чај е богат со антиоксиданти наречени
катехини, кофеин, соединенија за кои се покажаа дека помагаат во согорувањето на
вишокот маснотии. Редовното консумирање на зелениот чај го намалува ризикот од дијабетес тип 2,
го подобрува варењето на храната, здравјето на коските, го намалува
холестеролот и ги контролира стресните хормони. Ароматичното нане, исто така,
ги стимулира дигестивните ензими, кои помагаат подобро да се апсорбираат
хранливите материи од храната и помага во намалување на телесната тежина.
Во чаша врела вода, ставете зелен чај заедно со
неколку свежи лисја нане, нека одстои две минути и потоа чајот е подготвен за консумирање. Пијте го секое утро. Резултатите ќе бидат видливи по неколку недели.