За првпат ѝ беше тешко да пее: Шерифовиќ со онлајн концерт собираше пари за лекување на болно девојче

Добивај вести на Viber

Сите заедно во борба за здравјето на девојчето!

Познатата пејачка Марија Шерифовиќ одржа маратонски хуманитарен онлајн концерт, со цел да ги собере сите што можат, за да и помогнат на малата Миња Матиќ во борбата со болеста. 

Марија пееше за закрепнување на едногодишно девојче, кое страда од мускулна атрофија на 'рбетниот столб, а хуманите гледачи го следеа концертот и донираа пари за лекувањето на Миња.

Пејачката за време на тричасовниот концерт во неколку наврати побара паузи, и како што истакна таа самата за првпат и било тешко да пее.

Секоја донација е, се разбира, вредна, а особено значајни износи платија познати српски фудбалери.

Немања Матиќ плати 1,2 милиони динари, а во текот на вечерта Александар Коларов плати уште 1,3 милиони динари!

Подоцна вечерта во акцијата учествуваа и Лука Јовиќ со 250 илјади динари, кошаркарот Немања Недовиќ со 230, Душко Тошиќ со 236 илјади, Марко Грујиќ со 118 илјади, Лазар Марковиќ со 50 илјади, познат хуманитарец од Барселона Никола Миротиќ со 118 илјади.


За лекување на Миња се собрани 150 милиони динари, 44.760 евра, 879 швајцарски франци ... Оваа акција ги обедини сите граѓани, бројни компании, институции ... Сè за успешна борба на Миња против сериозно заболување.


Браво за сите!


Фото и Видео: screenshot/Youtube

Можеби ќе ве интересира: