„За седум и пол месеци дојдов до промет од 40 милиони тогашни марки, беше ескплозија“ – Велија Рамковски во поткаст на Фактор
„Никогаш парите и богатството не ми биле цел, никогаш. Прво се созададов како личност, не само од сопствениот живот, бидејќи човек е формиран и од средината во која живее, и од искуствуто што го стекнува. Бидејќи, читајќи многу, и запознавајќи се така со животите на многу личности, споредувајќи се со себе со некоја личност од романот, на пример главниот јунак, јас така се создавав како личност, што секако дека зависи и од сопствениот интелектуален капацитет, и се надоградував со многу читање. Политичка економија ми одеше, иако не бев којзнае каков ученик, имав двојки, тројки, четворки и петки, петка по политичка економија. На факултет имав десетки по политичка економија. А другите не толку добри оценки, имав низок просек.
Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.