За секој новоотворен депозит во Силк Роуд, награда кредитна картичка
Октомври е месец на штедењето, а Силк Роуд како банка која секогаш ги изненадува клиентите, овој месец подготви низа поволности за нив. Нови изнеднадувања и подароци ќе има за сите стари и нови штедачи во банката кој ќе отворат нова штедна сметка.
Од први октомври за секој новоотворен депозит во оваа банка, клиентот ќе добие подарок.
Сопственикот на новоорочен депозит (нови пари) со минимум 30.000 денари добива награда American express green кредитна картичка со лимит од 20.000 денари. Единствениот услов е рокот на орочување да е на 24 месеци или повеќе. Каматни стапки и до 2.9%.
Силк Роуд банката е единствена банка која ја нуди American express картичката, а во изминатиот период а заради зголемување на задоволството од поседувањето на оваа кредитна картичка, Силк Роуд подготви и низа бенефиции годинава кои може да ги погледнете на нивната веб страна. Секако со неа се нудат и други поволности, а особено Твој бонус програмата за поврат на средства.