За сите трудници: 10 работи кои ќе ги обожавате кај новороденчето

Добивај вести на Viber

Кога конечно ќе се роди прекрасно мало бебе, започнува прекрасен дел од вашиот живот: мајчинството. Уживајте во вашето бебе додека е толку мало бидејќи сè брзо ќе се промени

1. Мирисаат прекрасно

Исто така, постои научно истражување кое објаснува дека ова е навистина точно. Бебињата мирисаат прекрасно дури и ако не ги капете. За неколку месеци веќе нема да биде така. Иако сепак постојано ќе ги мирисате.

2. Спијат многу 

Откако малку ќе пораснат, со тага ќе се сеќавате колку убаво спиеја кога беа толку мали.

3. Не можат да избегнат гушкање

Не можат да избегаат од вашата прегратка и милионите бакнежи со кои „ги гушите“. Од едноставна причина: тие сè уште не се движат.

4. За нив постоите само вие 

Тие ве гледаат со поглед полн со љубов. Им пружате поддршка, храна и љубов. Околу втората година, ставовите стануваат различни, а околу третата тие почнуваат да вртат со очите.

5. Мали слатки стапала

Малите стапала ќе растат брзо, затоа не ги земајте здраво за готово. Новороденчињата имаат најслатки ноџиња на светот.

6. Го следат вашиот глас 

Начинот на кој го истегнуваат малиот врат и ја вртат главата во правец на вашиот глас е бесценет. За неколку месеци, ќе можете да пеете цел ден и големи се шансите тие да ве игнорираат. 

7. Никогаш повеќе нема да бидат толку лесни 

Вие нема да сакате да го испуштите вашиот „мал пакет среќа“. И никогаш нема да имате проблем да го држите во раце.

8. Мека кожа 

Покрај убавиот мирис, рака под рака оди и меката. Совршена за гушкање.

9. Завиткани нозе

И покрај тоа што спијат во креветче (големо за нив), нозете секогаш се малку завиткани како додека беа во матката. Наскоро нивните нозе и раце ќе бидат во секоја насока, зафаќајќи повеќе од половина од вашиот кревет.

10. Совршенство во секој поглед

Од смешната коса до малите прсти, сè на нив е совршено. Како што растат, тие сепак ќе бидат најубави. Освен кога ќе ги фатите како јадат мрсули, но и тоа многу брзо исчезнува од меморијата. Колку и да е тешко понекогаш со мало бебе, ова се најубавите моменти на мајчинството кои никогаш нема да се вратат. Уживајте во вашето мало совршенство секој ден, секоја минута, секоја секунда.