За спас на бракот: Младенци пред 13 години добиле писмо со посебни упатства
Еден брачен пар
доживеал вистински шок кога по 13 години го отворил својот свадбен подарок
Кети и Брендон од Мичиген се венчале во 2007 година.
Тој ден, тие добиле како подарок писмо што тетка им, која им рекла да го чуваат „клучот за спас на бракот“.
Со писмото, младенците добиле строги упатства - да не го „отвораат до првата голема кавга“. И иако парот многупати се карал во претходните години, до неодамна, писмото од тетка им стоело неотворено и заборавено.
- Се сетив на денот на мојата венчавка, па размислував за тоа кои подароци од венчавката имаат посебно значење за мене - Кејти рече дека едвај се сетила на подарокот на нејзината тетка што стоел неотворен во плакарот. Кејти и нејзиниот сопруг, сподели таа, мислеле дека има едноставен клуч во писмото што „спасува брак“.
Неодамна, парот конечно го отворил мистериозниот подарок со две пораки, по една за секој од нив. "Кејти, оди земи пица, ракчиња или нешто друго што и на двајцата ви се допаѓа, тетка Алисон", стоело на парче хартија насловена за неа, а на неговото имало сличен совет од мудрата тетка: "Брендон, оди земи цвеќе и шише вино, тетка Алисон. ""
Фото: Pixabay
Можеби ќе ве интересира:
Љубовна приказна како на филм: Се сакале како тинејџери, а повторно се споиле по 68 години