За свадбата платија милион евра, а гостите им носеа празни коверти: Исповед на сопругата на Дарко Лазиќ - „Бев многу изненадена“
Пејачот Дарко
Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ направија гала венчавка, која наводно
чинела милион евра, а на неа присуствуваше половина од забавната индустрија. Бидејќи
на прославата присуствуваа голем број јавни личности а со тоа добија и поклони
во изоблиство, Катарина Лазиќ откри кој и е најомилениот подарок.
-Најубавиот подарок беше наша слика, која беше рачно насликана, а најнеобичниот подарок беше, верувале или не, празен коверт. Ги поздравувам оние кои ни донесоа празни коверти, бев многу изненадена, изјави Катарина за српските медиуми.
Да потсетиме, автомобилот со кој Дарко ја зема Катарина чини над 300.000 евра. На венчавката присуствуваа голем број јавни личности, меѓу кои и поранешната сопруга на Дарко, Ана Севиќ.
- Супер беше на свадбата на Дарко. Беше толку убава атмосфера, беше толку весела! Така беше од почеток до моментот кога тргнавме дома. Секогаш се однесувам онака како што се чувствувам, онака како што мислам дека треба. Навистина се радував и навистина бев многу среќна тој ден, многу би сакала тие двајца да бидат среќни, навистина - изјави тогаш Ана пред медиумите, а потоа ги прокоментира казните и сообраќајните прекршоци на Дарко.
- Немам повеќе на што да реагирам, кренав раце, неговиот живот, неговата работа. Тоа е нешто што е сосема нормално што се однесува до него – истакна Ана.
Фото:instagram/darkolazic