ЗА УСПЕШНИ БИЗНИС ПРИКАЗНИ: ВИП соба во Панорама Хотел & Спа

Во прегратките на Крушевската корија, со поглед кој воодушевува, Хотел Панорама и СПА овозможува организација на секаков вид на настани, поголеми, но и помали, за одреден круг на луѓе.

Модерна, софистицирана, создадена со многу љубов, VIP ROOM на Панорама Хотел и Спа е дел од хотелот кој нуди многу можности за сите оние кои сакаат да создадат моменти за паметење со својот поширок круг на пријатели и соработници.


Местоположбата на хотелот, и атрактивноста на градот Крушево, се одлично место за развивање на разни бизнис идеи, токму затоа е создадена и ВИП собата во која  може да се  организираат мали бизнис состаноци, разни работилници, но и деловни ручеци или вечери.

Со капацитет од 15 луѓе, во оваа соба може да се организираат и мали приватни забави и прослави.

ВИП собата во Хотел Панорама и СПА е место во кое се испишуваат успешни приказни и се создаваат моменти за паметење.

Повеќе детали за резервација на VIP ROOM и организација на мали приватни и корпоративни настани  може да  најдете на страната на Панорама Хотел и Спа.


*пр-објава