„Зад затворени врати се случува пекол“: Дадилката во морничава исповед откри што навистина им прави Анџелина Џоли на своите деца

Контроверзна, убава, невоздржана, единствена, но и посветена мајка - сето ова се описи кои можеби нè поврзуваат со Анџелина Џоли, но нејзината дадилка сепак не би се согласила

Анџелина Џоли обично можете да ја видите во друштво на нејзините биолошки и посвоени деца, дури и на црвениот тепих. Несомнено, таа се обидува да ја убеди јавноста дека е идеална и посветена мајка. Сепак, наводите на нејзините блиски луѓе го демантираат тоа.

Начинот на кој таа и нејзиниот сопруг Бред Пит ја воспитуваа својата прва биолошка ќерка Шајло, отсекогаш бил предмет на критики. Шајло со години ја гледавме во исклучиво облека за момчиња и со кратка коса. Гордите родители ја оправдаа оваа одлука со тоа што сакаа да му дозволат на детето да биде токму онака како што се чувствува. Јавноста беше претежно поделена, но таа сепак го имаше епитетот на добра мајка.

По разводот, Бред Пит често даваше изјави дека зад совршениот оклоп не стојат совршени механизми за воспитување деца. Тој период помина во бучни кавги и меѓусебни обвинувања, а се чини дека и Бред помина полошо. Нивната борба за старателство продолжува.

Дадилката откри морничави детали од животот на популарната актерка

Дадилката која поминала 24 часа со актерката и нејзините деца открила засега непознати податоци.

- Таа е мајка која е многу отсутна поради секојдневните проблеми и кариерата, не успева да им се посвети на децата и тоа е рецепт за пропаст - изјавила дадилката во интервју за американскиот „Ок магазин“ и додала дека Анџелина не може да ги задржи децата, аситуацијата станала особено драматична откако таа се разведе од Бред во 2016 година.

-Анџелина мисли дека е модерна мајка бидејќи ги третира како возрасни. Но, точно е дека на децата одвреме-навреме им треба укор за да можат да го разликуваат доброто од лошото. Анџелина создава повеќе проблеми отколку добро и им прави лоша услуга – е мислењето на дадилката која се грижела за шесте деца на Анџелина.

Сака да пие

Дадилката потврдила дека Анџелина сака да пие и дека практично секоја вечер отвора шише црвено вино. Можеби никој не би ја обвинил за тоа, доколку не ги сподели со децата симпатиите кон алкохолните пијалоци и тоа во буквална смисла. Таа често им дозволувала да се напијат по една или две, иако се малолетни деца. Таа особено нагласи дека се работи за невидено лицемерие, бидејќи најсилен аргумент во борбата за старателство и бил обвинението упатено до нејзиниот поранешен сопруг. Таа често истакнувала дека Бред е алкохоличар.

Бред и е најважен

Дадилката раскажа и како 46-годишната актерка, наводно, поради работа често прегледува видео материјал кој содржи насилство и скокотливи сцени и дека не се двоуми тие видеа да им ги покаже на децата. Тоа не било такадодека Бред живеел во куќата.

Потоа дадилката додаде дека слушнала дека Анџелина ги остава децата без надзор, а за малку ќе ги оставила повеќе од десет часа во текот на ноќта додека снимала нов филм. Иако оваа последна изјава е повеќе на ниво на трачеви, очигледно е дека сликата на Анџелина Џоли е добро потресена.


Фото: Профимедиа

Судбината што ја снајде мајката на Анџелина Џоли е пострашна од хорор филм! Преубава, но несреќна