Заеднички бесценети моменти: Бабунски со семејството ужива во Белград на вода

Добивај вести на Viber

Македонскиот репрезентативец и фудбалер Давид Бабунски и неговата сопруга Катарина, семејно се на патување во Белград, односно „Белград на вода“, популарна туристичка атракција во соседна Србија.

Давид и Катарина имаат два сина Елисеи и Лиам и нивната ќеркичка Алина која неодамна наполни 1 годинка.

„Иако не очекувавме дека ќе се породам тој ден, породувањето помина супер. Се породив по природен пат и траеше малку подолго, но имав одличен тим на доктори покрај себе и цело време се чувствував среќно и безбедно. Пред самиот крај успеавме да го вклучиме и Давид преку видеоповик и сигурно и двајцата ќе го памтиме ова искуство“ – раскажа Катарина во една прилика за Женски магазин.

Сопругата на фудбалерот често објавува фотографии од заеднички бесценети семејни моменти, но исто така често знае да сподлеува модни изданија кои одлично и прилегаат.

Давид и Катерина се запознале преку заеднички пријатели во 2016-та, набрзо почнале да живеат заедно, а веќе во 2017 година биле во Јапонија каде правилата се малку поинакви и морале да се венчаат доколку Катерина сакала да остане таму со него.

„Ни беше важно да останеме заедно и се покажа дека не погрешивме, бидејќи од тој брак создадовме семејство“ – ни откри Катарина во интервјуто за Женски магазин.

Фото: Инстаграм