Актуелно // Insta вести
Заев прослави јубилеен роденден: Познат српски пејач главен за забавата, а вака беа дотерани сопругата Зорица и ќерка му
Поранешниот премиер Зоран Заев вчера ги дувна свеќичките за јубилејниот роденден.
Наполни 50 години, и направи забава за пријателите и семејството.
За журката која се одржуваше во струмички ресторан задолжен беше познатиот српски пејач Дарко Филиповиќ.
Од фотографиите кои ги споделија најблиските на Заев преку социјалните мрежи се гледа дека тортата била во вид на кацига, а ако се земе предвид фактот дека некогашниот опозициски лидер обожува да вози мотори и не треба да не чуди што одлуката да биде тортата со таков мотив .
Сопругата на Заев, Зорица, и овој пат достојна и на ниво, се одлучи за краток црн фустан, а од друга страна ќерка му одбра контрастна боја, односно Александра носеше бела комбинација.
ФОТО: Инстаграм