Загревање за Weekend.16 – Славој Жижек повторно вети дека ќе дојде во Ровињ
ДРУЖБА ВО СРЦЕТО НА ЗАГРЕБ СОБРА БРОЈНИ ПОЗНАТИ ЛИКОВИ
Скопје, 5. јули2023. – Во пресрет на 16-тото издание на најдобрата регионална конференција, голем број љубители на Weekend Media Festival се собраа во ресторанот But во центарот на Загреб на загревање за новото издание на фестивалот, кое и годинава, од 21 до 24 септември, ќе го собере и презентира најдоброто од домашната и регионалната комуникациска, маркетинг, медиумска и креативна индустрија. Многубројни познати и помалку познати ликови во опуштена атмосфера го поддржаа новото издание на Weekend, а меѓу нив беа Ида Престер, Бицо, Андреа Андраси, Антонија Блаќе, Петар Штефаниќ, Дражен Орешчанин, Дамјан Рудеж и многу други.
„Нашата цел е да иницираме промени, да поттикнеме иновации и да ги поврземе луѓето. Weekend Media Festival е место каде се раѓаат и разменуваат идеи, се остварува соработка и се стекнуваат нови знаења. Отвораме простор за дијалог и развој на нови перспективи. Така и на Weekend.16, нè очекува внимателно осмислена програма која опфаќа различни аспекти од комуникациската и маркетинг индустријата, како и од технологијата и креативноста. Најважно е публиката да почувствува дека сме водени од страста кон она што го работиме и дека од година во година се трудиме да создаваме сè посодржајни програми на фестивалот“, потенцира Томо Рицов, директор на Weekend Media Festival.
Овогодинешната програма наWeekend ги скенира актуелноститево маркетингот, комуникациите, медиумите, креативноста, гејмингот и ИТ индустријата, но, и во психологијата и уметноста, и (п)останува епицентар на нови идеи и жешки трендови. Програмата која е осмислена да воодушеви, инспирира и поттикне акција, оваа година е побогата за нешто сосема ново.. Weekend Media Festival од своето прво издание секогаш излегува од рамките, постојано растејќи и проширувајќи се во нови области. Слушајќи ги потребите на пазарот во изминатите неколку години, Weekend во своето 16-то издание ќе се прошири и на подрачјето на човечкиот потенцијал.
Така, од 21 до 24 септември во рамките на Weekend.16 ќе се одржи првиот HR.Weekend наменет за сите HR професионалци, менаџери за човечки ресурси, работодавачи и претставници на компаниите, како и сите заинтересирани за развој и примена на иновативни стратегии во управувањето со човечките ресурси. Една од вистинските ѕвезди на првиот HR.Weekend е др. Николаос Димитријадис, директор и ко-основач на водечката компанија во областа на невронауката, Trizma Neura, која ги поврзува невронауката и однесувањето со подрачјата на маркетингот, комуникациите, лидерството и образованието.
Но, кој сé доаѓа на Weekend.16?
Жижек повторно вети дека ќе дојде е насловот на панелот на еминентниот словенечки филозоф Славој Жижек, кој тврди дека оваа година сигурно ќе биде во Ровињ на крајот на септември и на Weekend.16 ќе зборува за сите предизвици на денешното општество. Покрај познатиот филозоф, посетителите од целиот регион ќе имаат можност да слушнат и предавања од светски познати имиња како Кишоре Махбубанија, поранешен претседател на Советот за безбедност на ОН, дипломат, интелектуалец и автор познат по своите анализи за меѓународните односи и геополитика, кој во истоимениот панел ќе откриеДали Западот(се) изгуби? Тања Голешиќ, главна извршна директорка на канадската модна компанија Mackage и една од најмоќните жени во светот на луксузната мода, ќе го приближи светот на луксузот од прва рака. Покрај нив, занимиливости од своите индустрии на публиката ќе и откријат и Каи-Маркус Теслер, германски експерт во областа на outdoor рекламирање, Мунавар Ахмед, експертка за човечки ресурси која е партнерка во компанијата Oliver Wyman и визитинг-предавачкана Стенфорд, Јан Граруп, наградуван дански воен фоторепортер, како и Дејвид Силверман, продуцент на глобално популарната анимирана серија Симпсонови.
Сите новости можете да ги следите на нашата веб-страница, како и преку профилите на Инстаграм и Фејсбук.
Пр објава