Загрижувачки: Највисока бројка на новозаразени лица со ковид-19 во земјава

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 241 пациент со ковид-19, највисока бројка на новозаразени од корона вирус во земјава, досега. Првиот човек на здравството во земјава информира дека и денес најголем дел од новозаразените лица се од Скопје.

За жал во изминатото деноноќие, како последица од Ковид-19 починаа 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.