Жално - и по 8 години од поплавите во Стајковци, малата Елиф сѐ уште се води како исчезната: Што се случило?

Добивај вести на Viber

Македонија денес одбележува 8 години од катастрофалната поплава во Стајковци. На 6-ти август 2016 година небото над Скопје се спои со земјата. Невреме за какво Скопје и скопјани не паметат. Невреме со жртви и катастрофални последици посебно за граѓаните од скопските села Синѓелиќ, Стајковци и Смилковци.

По поплавите пријавени биле 22 загинати лица од реоните Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, од кои според МВР 20 биле идентификувани, а 4 лица се водат како исчезнати.

Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци.

Според сведочењата на мештаните од овие скопски села, најголем дел од загинатите биле возрасни, кои биле затекнати во нивните домови или во автомобилите на обиколница.

И по осум години од поплавата во Стајковци, 16 – месечното бебе Елиф Фејзула се води како исчезнато. Бебето за време на поплавата се наоѓало во возило на обиколницата заедно со нејзиниот татко, кој го загубил животот.

Исчезнувањето на бебето од Синѓелиќ, во МВР било пријавено од чичкото на малата Елиф, ноќта кога и се губи секаква трага.

За 24 часа во Скопје и скопско, наврнале 93 литри на метар квадратен, дека во првите два часа од невремето удриле над 800 молњи и громови. Најкритично беше во реонот на Стајковци и Смилковци.

Фото: Фактор
РЖМ